Последна недела од претседателската кампања

news
Advertisement

Кој бега, а кој не од ТВ соочувања. Се заострува политичката реторика но и поканите за дуели . Откако денеска кандидатот на коалицијата предводена од ДУИ Бујар Османи ја покани на дуел кандидатката за претседател на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова.

Advertisement

Од тимот на Силјановска Дафкова и денеска пак со одговор до Османи дека ако сака дебата нека прифати формат на кој би учествувале сите претседателски кандидати . Сепак и на последните средби со граѓаните и митнинзите Дафкова со порака до актуелната влада и нивните кандидати за претседатели повеќе да се занимаваат со дела и отчетност отколку со како што порача нечии лични квалификации .

Пендаровски пак со прашања до Дафкова и партијата која што ја поддржува да не биле кочничари на процесите ако веќе како што порача не ги почитуваат договорите кои земјата ги има потпишано.

За кандидатката на Левица Билјана Ванковска пак нејзината програма отскокнувала од програмите на сите други но и таа повика јавно на дебата за да ги соочи аргументите со своите противкандидати и да ги споредат своите програми.

Арвен Таравари пак својата програма ја базира на како што порача консензуална демократија каде јасно ќе бидат истакнати слободата на изразување и владеењето на правото.

Кандидатот за претседател на ЗНМ Максим Димитриевски пак денеска со порака дека за него се неприфатливи предлозите за уставни измени кои би се однесувале на тоа шефот на државата да се бира во собрание но и да се тргне формулацијата на 20% во делот на албанскиот јазик.

Кандидатот на коалицијата предводена од ГРОМ Храбро за Македонија Стефче Јакимовски пак во денешната изјава за медиумите посебен акцент стави на четвртата власт и најави дека би иницирал реформи токму во локалната самоуправа .

Иако се заострува реториката и меѓусебните прозивки сепак сите претседателски кандидати и натаму тврдат дека се залагаат кампањата да помине мирно без да се злоупотребува и користи за разменување на пораки кои би содржеле говор на омраза.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.