Гори и натаму над Селце, хеликоптерите се повлекоа заради ветерот

news
Advertisement

Поради силниот ветер двата хеликоптери кои го гаснеа пожарот над Селце на Шар Планина се повлечени, а со ситуацијата останале да се справуваат само ренџерите и неколку пожарникари од Тетово. Но, како што вели директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, линијата на пожарот е многу долга и се движи во насока на Селци.

Advertisement

Директорот на ЦУК вели дека пожарот е несвојсвен за овој период годината затоа што дрвјата се разеленети, но дека на почвата има многу сув материјал од лисја и зимзелени иглички.

Според него, селото Селце ноќеска нема да биде загрозено заштпо во текот на ноќта интнезитетот на огнот ќе се намали, а особено во раните утрински часови поради росата.

„Но во текот на денот поради високите температури, огнот ќе се разгови. Се надевам ако временските услови тоа го дозволуваат, да продолжиме да гасиме со хеликоптери“, рече Ангелов нагласувајќи дека се работи за тежок облик на планински пожар.

Инаку, бидејќи нема пилоти, нема можност пожарот да се гаси со ер-тракторите.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.