После еден месец ЕСМ го разреши Мирсад Црновршанин, директор на ЕСМ продажба

news
Advertisement

Електрани на Северна Македонина го разреши првиот човек на подружницата која е задолжена за купување на увозна електрична енергија за потребите на државното електростопанство и ги продава нејзините вишоци на струја. Мирсад Црновршанин за директор на подружницата ЕСМ продажба беше именуван на 1 септември со мандат од една година. Тој е инаку од прилепско Лажани, сопственик на локален маркет.

Advertisement

За нов директор е назначен Златко Пиперковски, поранешен директор на РЕК Осломеј, разрешен од таа функција пред една година. Досега како директори на ЕСМ продажба се сменети четворица директори – на оваа позиција беа и Александар Обрадовиќ, поранешниот советник на поранешниот премиер Зоран Заев, Синиша Ивановски, поранешниот директор на ЕЛЕМ трејд.

Во последниот период ВМРО-ДПМНЕ речиси секојдневно ја критикуваше работата на ЕСМ продажба за, според нив, манипулативната продажба на ноќни вишоци на електрична енергија на привилигирани трговци по цени кои се пониски од берзанските.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.