Поминаа 13 години од грабнувањето на малата Лилка, ќерка на познатиот македонски професор: „Во држава каде сѐ е на продажба, продадоа и дете“ (ВИДЕО)

news
Advertisement

Г-дин Атанас Илиев универзитетски професор на ФЕИТ, многу пати во јавноста ја раскажа својата неправедна приказна и децениска борба против оттуѓувањето од својата ќеркичка Лилка. Борбата за Лилка трае од денот кога нејзината мајка ја носи надвор од границите на Македонија и никогаш повеќе не ја враќа.

Advertisement

Постапката во случај на меѓународно грабнување на дете е преку Хашката конвенција која предвидува механизми кои детето веднаш го враќаат во земјата од која е изнесено. Но Лилка 13 години не е вратена дома. Тагата, копнежот, болката и неправдата си го земале својот данок.

– 09.01.2011 -09.01.2024 ❗13 години од грабнувањето на Лилка. 13 години борба за правда! ‼️ Секој збор е излишен, здравјето ми го зедовте, слепи и глуви се правевте ….Пишував и говорев многу. Сега, во знак на протест ќе молчам за да сите чуете и разберете: ‼️‼️ Во државата каде сѐ е на продажба, каде владее мито и корупција, продадоа и дете., напиша Илиев денеска на својот Фејсбук профил.

Овој крик на болка е и крик за правда на сите родители кои бесправно и бесрамно се оттуѓени од своите чеда. Оттуѓувањето е тешка форма на семејно насилсто во која сакајќи да му се нанесе болка на едниот од родителите вусшност најмногу и најтешко се повредува детето.

Во продолжение погледнете го прилогот на Сител, каде Илиев во април минатата година говори на оваа тема:

ИЗВОР. https://newz24live.com/pominaa-13-godini-od-grabnuvaneto-na-malata-lilka-kerka-na-poznatiot-makedonski-profesor-vo-drzhava-kade-s-e-na-prodazhba-prodadoa-i-dete-video/?fbclid=IwAR15c6R0njjmpSUBPb-wi5cE4B4bG_X2lZPvBZJLbIlzLESymfia8QS5WD8

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.