Посно, а вкусно прсти да излижеш: Тавче гравче на тетовски начин

Посно, а вкусно прсти да излижеш: Тавче гравче на тетовски начин

news
Advertisement

Посно, а вкусно прсти да излижеш: Тавче гравче на тетовски начин

Advertisement

Гравчето е присутно често на македонската трпеза, а едно од најпознатите традиционални македонски рецепти е Тавче гравче. А овој пат за љубителите на овој специјалитет го споделуваме рецептот за подготовка на Тавче гравче на тетовски начин.

Потребни намирници:

– 450 гр. грав

– една поголема главица кромид

– 2-3 чешниња лук

– мешан зачин

– сол

– црн пипер

– црвен пипер

– суво нане

– масло за јадење 

Начин на подготовка:

Најпрво го миеме гравот, па потоа го ставаме да се вари на оган во поголемо количество на вода. Гравот се вари малку подолго, а откако ќе се свари го тргнуваме тенџерето настрана и во тавче ставаме масло за јадење да се загрее. 

Кромидот и лукчето ги сечкаме на ситни коцки, или доколку имате сецко исечете ги во него. И ставете ги да се пропржат во загреаното масло, откако ќе се пропржат додаваме 2 големи лажици црвен пипер. смесата од тавата ја додаваме во свареното гравче и убаво промешуваме и го зачинуваме, една- две лажици мешан зачин или сол и црн пипер. А на самиот крај додадете и малку суво нане – овој зачин на целото гравче ќе му даде посебен шмек. 

Зачинетото гравче ставете го во плех и во рерна на печење. Откако ќе се искрчка Тавче гравчето сервирајте го по ваша желба и салатиче по ваш вкус и уживајте! Бон апетит!

Фото: Принтскрин / Јутјуб

Advertisement