Потресни сцени од Јоханесбург: Mеѓу 52 жртви и едно дете, пожарникарите сѐ уште трагаат по тела

news
Advertisement

Најмалку 52 лица загинаа, меѓу кои и дете на две или три години, во пожар што избувна во зграда во центарот на Јоханесбург.

Advertisement

Како што пренесува во живо локалниот медиум Тајмс, итната помош соопшти дека се повредени 48 лица.

Портпаролот на службите за итни случаи Роберт Мулауџи изјави дека пожарникарите добиле повик за пожар околу 1.30 часот.

„Се работи за зграда на пет ката која се запали во раните утрински часови. „Успеавме да ги евакуираме луѓето кои беа во зградата веднаш штом пристигнавме“, рече тој.

Меѓу загинатите, рече тој, има и „мало дете кое може да има меѓу една и две години“.

Од повредените, некои се здобиле со вдишување чад, додека други се здобиле со полесни повреди.Тој потврди дека пожарот е ставен под контрола и дека се уште е во тек потрагата и спасувањето, како и дека се уште не е позната причината за пожарот.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.