„Почивај во мир мамо, те сакам“: Синот на познатата актерка проговорил и ги растажил сите со своите шокантни зборови

news
Advertisement

Познатата актерка ја загуби битката
Ен Хеч, почина вчера на 53-годишна возраст, како последица на повреда на мозокот, која настанала како последица на сообраќајна несреќа што се случила минатиот петок.
Семејството и пријателите тешко се справуваат со големата загуба, а откако објавија дека Ен починала, се јавил нејзиниот 20-годишен син Хомер.Јас и брат ми Атлас ја изгубивме мајка ни. По шест дена речиси неверојатни емоционални промени, останавме без зборови со длабока тага. Се надевам дека мајка ми е ослободена од болка и ќе почне да го истражува она што сакам да го замислам како нејзина вечна слобода. Во текот на тие шест дена, илјадници пријатели, членови на семејството и обожаватели ми кажаа дека се со мене. Благодарен сум за нивната љубов, како и за поддршката на мојот татко, Коли и маќеата Алекса, кои се уште ми се поддршка во овие моменти. Почивај во мир, мамо, те сакам – рекол Хомер, пренесуваат странските медиуми.

Advertisement

Да потсетиме дека семејството вчера попладне излезе со соопштение во кое се наведува дека Ен Хеч ја загубила битката.
– Денеска ја загубивме најсветлата светлина, најљубезната и најрадосната душа, љубезната мајка и лојалната пријателка. Ен длабоко ќе ни недостига, но таа живее преку нејзините прекрасни синови, нејзината иконска работа и нејзиното страсно залагање. Нејзината храброст е во вистината, шири порака за љубов и прифаќање и ќе продолжи да има трајно влијание.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.