Почина амбасадорот на С Македонија во Берлин

news
Advertisement

На 60-годишна возраст почина актуелниот амбасадор на Република Северна Македонија во Берлин, Германија, Рамадан Назифи.

Advertisement

Назифи важеше за искусен дипломат кој претходно беше и амбасадор на земјава во Швајцарија во мандат од 2009 до 2013 година.

„Со длабока тага ја примив веста за смртта на амбасадорот Рамадан Назифи, актуелен амбасадор на Северна Македонија во Берлин од 2019 година, амбасадор во Швајцарија од 2009 до 2013 година и долги години во Министерството за надворешни работи како кариерен дипломат. Рамадан, со кого изградив лично пријателство, беше извонреден човек и дипломат и ќе остане запаметен од колегите во Министерството. Упатувам сочувство до семејството, пријателите и вработените во Министерството. Нека почива во мир!“,

напиша на социјалните мрежи министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.