Почина претседателот на ССМ, Дарко Димовски

news
Advertisement

По кратко боледување, на 45 години почина претседателот на ССМ, Дарко Димовски, информираат од Сојузот на синдикати на Македонија.

Advertisement

„Со жалење информираме дека по кратко боледување на 45 годишна возраст, почина Претседателот на ССМ, Дарко Димовски.

Колегите, соработниците и работниците ќе го паметат како голем борец за работничките права кој остави длабок белег во синдикалното и работничкото движење на Македонија.

Од името на Сојузот на синдикатите на Македонија, изразуваме длабоко сочуство на неговото семејство.

Погребот ќе биде на 12 јуни 2023 година, во 13 часот, а пријателите, соработниците, работниците, граѓаните ќе можат да се простат и да изразат сочуство од 12 часот во капела на градските гробишта Бутел“, стои во објавата на ССМ.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.