По прозивката од Меџити, Османи демантира дека се сретнал со Груевски во Будимпешта

news
Advertisement

Поранешниот член на „огнените“, а сега лидер на новоформираната партија – Демократско движење, Изет Меџити вчера упати јавно прашање до Османи дали „беше службена или приватна посетата во Будимпешта кога се сретна со Груевски“. На ова Османи, исто така, преку социјалната мрежа одговори: „Еднаш рекоа дека се сретнал со Али Ахмети, па рекоа – не, се сретнал со Артан Груби, сега јас сум се сретнал со него! Можеби од четврти пат ќе погодат!“
Шефот на македонската дипломатија и потпретседател на ДУИ, Бујат Османи демантира дека се сретнал со експремиерот и поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, сега бегалец во Будимпешта.Демантот министерот за надворешни го испрати прекку својот личен фејсбук-профил, откако за наводна средба со Груевски вчера јавно беше прашан од лидерот на новоформираната партија во албанскиот опозициски блок – Демократско движење, Изет Меџити.

Advertisement

Поранешниот член на „огнените“, а сега лидер на Демократско движење вчера во објава на социјалната мрежа напиша:

„Јавно прашање за Бујар Османи: дали беше на службена или приватна посета во Будимпешта кога се сретна со Никола Груевски?“

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.