По синоќешните тензии, ова е состојбата на северот на Косово

news
Advertisement

Косовскиот премиер Албин Курти денеска на прес-конференција ги коментираше синоќешните случувања на северот на Косово, по поставувањето барикади од српското население кое протестираше на одлуката на Приштина за вовеување на реципроцитет со Србија на граничните премини. Курти заедно со министерот за внатрешни работи Џелал Свечла соопштија дека од синоќа по полноќ до денеска во 12 часот издадени се вкупно 1500 документи за влез и излез на граничните точки.Со овие бројки косовскиот премиер најави дека одлуката се уште е на сила, притоа потенцирајќи дека без отстранување и на последната барикади, нема да ја одложи оваа одлука за следниот месец, како што синоќа побараа САД.

Advertisement

„Синоќа имало истрели во правец на косовската полиција и 9 барикади со вооружени лица кои запирале граѓани во возила и пешаци.Нелегалните структури на Србија станаа криминални банди, агресивни како ретко досега. За нашата држава не е лесно затоа што тие имаат поддршка од целиот државен апарат на нашиот северен сосед. Граничните пунктови Јариње и Берњак се уште се затворени бидејќи патиштата што водат до таму се уште се блокирани. За среќа нема ранети со огнено оружје. Очекуваме денеска да бидат отстранети сите барикади“, изјави Албин Курти, премиер на Република Косово.

Министерот за внатрешни работи Џелал Свечла рече дека синоќа се повредени 11 државјани на Косово и им биле оштетени автомобилите, меѓу кои и неколку автомобили на косовска полиција.

„Утрото почна пријавувањето за влез и излез на граничните точки. Целиот овој процес продолжува без пречки, како што предвидовме, постапката е кратка, за разлика од постапките на другата страна, овој метод ги притиска нашите граѓани веќе 11 години“, рече Џелал Свечла, министер за внатрешни работи на Република Косово.

Се очекува Владата на Косово за еден месец да ја одложи одлуката за спроведување на реципроцитет со Србија, за регистарски таблички и документи за идентификација откако Србите поставија барикади на патиштата кои водат до двата гранични премини со Србија, Јариње и Берњак.Одложувањето на спроведувањето на одлуката дојде по барањето на САД. Барањето го упатил амбасадорот Џефри Ховени на итна средба во доцните часови со претседателката Османи, премиерот Курти и двајцата вицепремиери Бислими и Гервала.Полицијата потврди дека на север имало истрели од огнено оружје, а некои граѓани биле малтретирани на граница.КФОР оцени дека ситуацијата на север е напната и дека војниците се подготвени да интервенираат.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.