По тешка група не можеше да има. Македонија ќе се бори против светските фудбалски гиганти за Евро 2024

news
Advertisement

Денеска со жрепка во Франкфурт македонската А репрезентација ги дозна ривалите во редовните квалификации за пласман на Европското првенство 2024 година во Германија.

Advertisement

Среќата не беше на наша страна, нашата селекција ќе игра во групата „Ц“ со актуелниот европски шампион Италија кој го елиминиравме во баражот за пласман на Светското првенство 2022.

Потоа, противник ни е Англија, уште еден гигант кој заедно со Италијанците ќе бидат главни фаворити за првите две места кои водат на континенталниот собир. Со нас во групата се и репрезентациите на Украина и Малта.

Квалификациските натпревари ќе се играат во 2023 година, најдобрите две селекции од секоја група ќе се пласираат на ЕП, а последните три места ќе им припаднат на победниците од плеј-офот во Лигата на нации.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.