Правило три минути: Најголемата грешка што ја правиме по туширањето

news
Advertisement

Да се води правилна нега за кожата е исклучително важно. Редовното чистење и хидрирање на кожата е само еден од начините на кои треба да ја негувате. Меѓутоа, ако имате други проблеми со кожата, некои ваши секојдневни ритуали може да ја уништат вашата кожа дури и без да сте свесни за тоа.

Туширањето има големо влијание на вашата кожа, почнувајќи од времето што го поминувате под тушот па до начинот на кој го миете своето тело. Затоа е важно да си создадете вистинска рутина која одговара на вашата кожа. Една грешка што повеќето ја прават по туширање е предолго чекање за да нанесување хидратантен крем. Некои дури и воопшто не нанесуваат крем или млеко за тело, а тоа е навистина лошо за кожата. Имено, по туширањето, порите се шират поради пареа и топлина во бањата. Клучно е да се задржи водата во телото со примена на хидратантен крем во рок од три минути, вели дерматолог Синтија Бајли.

Чекањето подолго од три минути за да нанесете хидратантен крем по туширањето ќе предизвика губење на влага од вашата кожа. Затоа, секогаш чувајте хидратантен крем во бањата и нанесете го минута по туширањето. На тој начин, кожата веднаш ќе ја добие потребната нега и ќе биде здрава, еластична и сјајна.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.