ТРИ ВО ЕДНО Италијанец истовреме е позитивен на корона, ХИВ и на мајмунски сипаницисипаници

news
Advertisement

Во Италија е регистриран првиот случај на пациент кој истовремено е позитивен на коронавирус, мајмунски сипаници и ХИВ.

Advertisement

Станува збор за 36-годишен маж кој девет дена откако се вратил од одмор во Шпанија добил треска, главоболка, болки во грлото, воспаление во препоните и се чувствувал уморен.

Како што пренесува CNBC, Италијанецот рекол дека за време на престојот во Шпанија имал незаштитен секс со мажи. Три дена по појавата на симптомите, му била дијагностицирана корона, објави Journal of Infection.

Неколку часа по позитивниот тест за ковид, Италијанецот доби црвенило на левата рака. По неколку дена, мајмунските сипаници му се прошириле по целото тело, па бил примен во болницата во Катанија.

Во таа клиника на 36-годишникот му биле направени различни тестови кои покажале дека е позитивен на мајмунски сипаници, корона и ХИВ. Негативниот ХИВ тест што го направил пред една година покажува дека 36-годишникот бил заразен со вирусот од неодамна.

По една недела, тој бил пуштен од болница бидејќи се опоравил од ковид и од мајмунски сипаници.

„Овој случај покажува како симптомите на мајмунски сипаници и ковид може да се преклопуваат и потврдува дека во случај на коинфекција треба да се испитаат сексуалните навики на пациентот за да се дојде до правилна дијагноза“, велат истражувачите од Универзитетот во Катанија во својата извештај.

Истражувачите предупредија дека брисот од грлото на пациентот е сè уште позитивен и по 20 дена, што укажува дека лицето е сè уште заразно.

„Со оглед на тоа што ова е прв случај на лице заразено со три вируси, нема доволно докази дека оваа комбинација може да ја влоши состојбата на пациентот“, велат оттаму.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.