Откриени уште два симптома кои може да укажуваат на мајмунски сипаници

news
Advertisement

Студијата објавена во списанието „Бритиш медикал журнал“ ги проучувала податоците од 197 пациенти со мајмунски сипаници во Велика Британија. Мајмунските сипаници досега се забележани во повеќе од 80 држави, а регистрирани се повеќе од 17.000 случаи во светот. Светската здравствена организација (СЗО) го прогласи вирусот за глобална здравствена криза. Тим истражувачи откриле дека за разлика од претходните верзии на мајмунските сипаници, моменталната епидемија на вирусот предизвикува нова симптоми заедно со другите класични знаци на мајмунските сипаници.
Дури 71 пациент вклучен во студијата имаат ректални болки, 33 страдале од воспаление на грлото, 31 од едем на половиот орган и 27 од орални лезии, 22 пациенти имале солитарни лезии, а 9 пријавиле зголемени крајници.

Солитарни лезии
Еден од новите симптоми откриени во студијата биле солитарните лезии. Станува збор за мала, локализирана кожна лезија која може да варира од безопасни (брадавици) до лезии опасни по живот како што е меланом.
Отечени крајници
Пациентите во студијата исто така пријавиле отечени крајници, за кои, заедно со поединечните лезии, порано не се знаело дека се типични знаци на инфекција со мајмунски сипаници и можеа да се заменат со други состојби.
Класични знаци на мајмунските сипаници
Класични и очигледни симптоми на мајмунските сипаници вклучуваат треска, главоболка, болки во мускилите и зглобовите, болки во грбот, отечени лимфни јазли, осип и замор и осип кој личи осип што се појавува кај малите сипаници.
Како болеста се шири
Од човек на човек болеста може да се пренесе по пат на капки (близок контакт) и преку контакт со кожни промени кои настануваат кај заболениот.

Авторите навеле дека студијата има и некои ограничувања – сите пациенти биле од еден медицински центар, а студијата била набљудувачка, пренесува „Тајм оф Индија“.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.