Истражувањето открило: Број на часови спиење кои го загрозуваат здравјето на целиот организам

news
Advertisement

Најновата научна студија покажува дека спиењето што трае помалку од пет часа може да го загрози здравјето на организмот за 15 отсто. Кога човек е буден, мозокот, како и остатокот од организмот, користат хемиски супстанции познати како невротрансмитери за меѓусебна „комуникација“, односно испраќање информации од нервниот до имунолошкиот и другите системи.

Спиењето помага да се одржат резервите на невротрансмитери на оптимално ниво. Кога човекот не спие доволно или има лош сон, телото произведува помалку невротрансмитери. Како последица на тоа, многу функции на телото, вклучувајќи го и имунолошкиот систем, не функционираат најдобро. Имено, додека човекот спие, организмот произведува повеќе бели крвни зрнца и цитокини/производи на клетките на имунолошкиот систем/, кои делуваат како гласници на имунолошкиот систем и помагаат во борбата против инфекции и болести.

Со самото тоа, лошиот сон може да предизвика нивно намалено производство, што влијае на опаѓање на имунитетот. Недостатокот на сон го прави човекот поподложен дури и на обична настинка, предупредуваат истражувачите.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.