Пратеникот Милошоски куртули од едно кривично дело, продолжува да му се суди за измама

news
Advertisement

Основниот кривичен суд Скопје денеска донесе решенија со кои за 10 обвинети во случајот „Моќник“ постапката се запира заради застареност, додека за тројцата обвинети Милош Милошоски, Милосим Војнески и Антонио Милошоски судењето за кривичното дело измама продолжува. Ова е прв случај во кој се констатира застареност на кривичното дело злоупотреба на службената положба откако Собранието во септември ги донесе измените на Кривичниот законик со кои се намалува казната, а со тоа и рокот за застарување на ова кривично дело.

Advertisement

„На денешната главна расправа за предметот во јавноста познат како ‘Моќник’ надлежниот јавен обвинител кај 10 од обвинетите изврши преквалификација на кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување и побара примена на поблагиот закон“, информираат од Основен кривичен суд Скопје.

Судот, постапувајќи по предлогот на јавниот обвинител и согласно одредбите од Кривичниот законик (КЗ) донесе решенија со кои за обвинетите постапката се запира заради застареност, додека за тројца од обвинетите, Милош Милошоски, Милосим Војнески и Антонио Милошоски судењето за кривичното дело измама продолжува на 9 и 28 ноември.

Случајот „Моќник“ го отвори поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО). Прво и второобвинети во случајот се Милош Милошоски и поранешниот градоначалник на Македонски Брод, Милосим Војнески, а третообвинет е пратеникот Антонио Милошоски.

Според Обвинителството, Милош Милошоски и Милосим Војнески се обвинети за измама, а Антонио Милошоски за измама и злоупотреба на службената положба и овластување. Со обвинението останатите 10 обвинети се товареа само за злоупотреба на службената положба и овластување.

„Во текот на 2011 година прво и второ обвинетиот, заеднички, со намера првообвинетиот да прибави противправна имотна корист ги довеле во заблуда советниците во Советот на општина Македонски Брод, со лажно прикажување и со прикривање на факти за правниот статус и вистинската вредност на недвижностите – предмет на продажба. Тие ги навеле советниците да изгласаат одлука за отуѓување на недвижен имот за кој советниците сметале дека е „поранешниот задружен дом“, а всушност одобриле отуѓување на зграда со корисна површина од 157метри квадратни со дворно место од 3.920 метри квадратни во село Ижишта-Општина Македонски Брод, која ја користела општина Пласница“, пишува во дел од обвинението.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.