Прашањето е несреќно формулирано – Дали Левица ќе го поддржи референдумот?

news
Advertisement

Иако опозициската иницијатива за задолжителен дополнителен референдум со кој би престанало важењето на контроверзниот Закон за ратификација на Договорот за добрососедство со Бугарија содржи несреќно формулирано референдумско прашање, сепак – во духот на семакедонското обединување и јакнење на фронтот против окупационата влада на СДС и ДУИ – Левица ќе даде парламентарна и теренска поддршка за спроведување на Референдумот, соопштија од Левица.

Advertisement

„Договорот со Бугарија од 2017 година, потпишан од страна на корумпираниот квислинг Заев, е основата врз кој подоцна – преку капитулантскиот и недостоинствен т.н. француски предлог, преговаран од страна на петоколонашите Ковачевски, Маричиќ и Османи – беше октроиран од страна на официјален Брисел. Европската Унија, позната по нејзината непринципиелност во случајот со Македонија, целосно ги занемери Копенхагенските критериуми, станувајќи спонзор на национал-шовинистичките претензии на соседна Бугарија, воскреснувајќи ги опасните ванчомихајловистички идеи и инкорпорирајќи ги истите како дел од преговарачката рамка со Унијата. Сомнежот и претпазливоста кои се будат кај македонскиот народ во однос на намерите и искрените мотиви на иницијаторите на овој референдум се оправдани. Освен досегашниот политички багаж и историјат на соучесништво во спроведувањето на серија антимакедонски политички процеси – какви што се срамните примери со Охридскиот и со Преспанскиот договор – зачудува фактот зошто е одлучено на Референдумот да се гласа ЗА, наместо ПРОТИВ – следејќи го духот на Јулските простести против бугаризацијата на Македонците!? Левица смета дека е тактички погрешно вака формулираното референдумско прашање, бидејќи истото го руши природниот континуитет меѓу најмасовните антивладини протести и самото народно изјаснување“, наведено е во соопштението.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.