Првото дете го родила на 16 години, а денес има 12 деца: Троши по 600 пелени и 66 млека за 7 дена, еве како изгледа тоа!

news
Advertisement

Бритни Черч првото дете го родила само шест дена откако го прославила 16-от роденден и била самохрана мајка, а од тој момент децата само пристигнувале…

Advertisement

Со првиот сопруг потоа добила уште четири деца, но тие се развеле во 2010 година. По разводот била многу внимателна, но во 2012 година, како што вели таа, неочекувано останала трудна.

Три години ги поминала во самостојно одгледување на шест деца, додека во 2014 година не го запознала сегашниот сопруг Крис, со кој добила уште шест деца.

Пред две години родила тројка, а пред една година своето најмалечко дете. Трудна била вкупно 88 месеци или седум години и четири месеци од својот живот.

„Не уживам толку во бременоста, но би ја направила истата работа доколку би морала. Толку многу ги сакам своите деца“, изјавила оваа Американка.

Бритни и Крис трошат голема количина на пари, бидејќи семејството јаде по пет кутии житарки, испива по 66 парчиња тетрапак млеко и троши по 600 пелени за само седум дена.

„И покрај тоа што луѓето го мислат, мојот живот не е хаотичен и не морам да се потпирам на парична помош за да го прехранам моето семејство. Луѓето имаат толку погрешни претпоставки за нас кои едноставно не се вистинити“, изјави таа.

Иако претходно сакала уште деца, сега направила пауза. Таа признава дека е тешко да се подигаат одеднаш четири деца помали од три години.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.