Учениците на грбот носат и до 10 килограми тешки ранци: Родители, внимавајте на „правилото 10 отсто“

news
Advertisement

Први септември не може да се замисли без возбудените лица и радосните вресоци на учениците. Нови другари, торби полни со нови книги… сето тоа за нив е предизвик.

Advertisement

Притоа, родителите на ученiците ќе треба да одвојат цело богатство за училишна опрема, а на крајот тоа, буквално, ќе падне на слабиот грб на децата, чии тела растат и се развиваат.

Училишните чанти полни со книги не треба да надминуваат 10 отсто од телесната тежина на детето. Истражувањата покажуваат дека 65 отсто од болки кај децата во вратот и рамениот појас и 35 отсто во лумбалниот дел на ‘рбетот настануваат како последица на тешките торби и ранци, велат физиотерапевтите.

Според нив, ранецот мора да биде цврст, да има широки ремени, а детето задолжително да ги користи двете рамења. Пожелно е да користите и ремени за фиксирање околу половината, а се советува и рамномерно да го наполните ранецот, а потешките предмети да ги ставите поблиску до ‘рбетот.

Меѓутоа, и покрај „правилото 10 отсто“, учениците од пониските одделенија во торбата носат во просек по десет книги. Тука се и футролата со моливи, фломастери, боички, линијари… Потоа ужина, шише вода, во некои денови и патики и пресоблекување за физичко.

Експертите препорачуваат децата да се занимаваат со физичка активност со цел нивното тело да се развива здраво, а зајакнувањето на мускулите ќе помогне и при носење тежок ранец.

Нерамномерното оптоварување на ‘рбетот предизвикува најмногу штета, ранецот треба да има анатомски дел на грбот и тежината да се распореди рамномерно така што ќе се носи на двете рачки. Денес постојат ранци на тркала, кои може да се влечат, што може да биде олеснување за најмалите.

Ранците на учениците до четврто одделение тежат од три до седум килограми, додека од петто таа тежина не е помала од седум килограми. Некои ранци достигнуваат тежина и до дури 10 килограми.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.