Предупредувачки штрајк на вработените во Македонски пошти‼️

news
Advertisement

Синдикатот на Македонска пошта и СО на АД Пошта на Северна Македонија со помош на ССМ од денеска организираат предупредувачки прекини на работа кои ќе се одвиваат за време на паузата во времетраење од половина час сè со цел за да не бидат оштетени корисниците на нивните услуги, но доколку не земат плата тие најавуваат и протест пред Владата на Република Македонија.

Advertisement

Истиот ќе се одржи идната сабота на 29 октомври. Целта е вработените да се изборат за земање на задоцнетата плата.

Законската обврска за земање на плата е до 15 во тековниот месец, но до овој момент Македонска пошта нема обезбедено доволно средства за пуштање на платите за вработените.

Во изминатиот период синдикатите заедно се изборија за усогласување на платите на вработените, но очигледно слабото менаџирање на претпријатието повторно доведе состојба на неизвесност за работниците и нивните семејства, а изминатиот период врз синдикатите поради нивното единство се направи обид за вршење на притисок за поткопување на нивните позиции за менаџментот полесно да манипулира, да намалува плати и да отпушта работници.

ССМ нема да дозволи напади врз синдикатите и синдикалните лидери во Македонски пошти.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.