СУСПЕНДИРАН ГЛАВНИОТ ТЕЛОХРАНИТЕЛ НА ПУТИН – димна бомба фрлена на лимузината на рускиот претгседател

news
Advertisement

На лимузината во кој се возел рускиот претседател Владимир Путин буила фрлена димна бомба, а бил избегнат атентат, пишува Дејли Мејл повикувајќи се на рускиот канал Генерал СВР на Телеграм.

Advertisement

Овој канал редовно објавува инсајдерски информации за Кремљ и за лидерот, но тие не се целосно потврдени. Малку луѓе знаеле дека Путин ќе поминува токму низ тој кварт, а по чадот кој се појавил кај левото тркало, лимузината се тргнала на безбедно.

Веднаш биле уапсени повеќе телохранители, а некои исчезнале по инцидентот. Лимузината на Путин била трето возило од конвојот од пет автомобили кои возеле назад кон неговата резиденција. Тој се враќал дома, а станал „мамка“, се вели на Телеграм. Наводно возило од брза помош го блокирало првиот автомобил во конвојот.

„Потоа, пронајдено е телото на маж кој возел брза помош, кој го блокирал првиот автомобил од конвојот“, се вели во текстот.

„На пат кон резиденцијата, на неколку километри, првиот автомобил од придружбата бил блокиран од амбулантно возило, а вториот автомобил продолжил да вози без да застане поради ненадејна препрека, по што ја заобиколил пречката. Во автомобилот на Путин, од предното лево тркало се слушнал силен удар, проследен со густ чад. Автомобилот на Путин „и покрај проблемите со контролата“ го напуштил местото на нападот за да стигне до резиденцијата“, вели соговорникот во објавата на Телеграм.
Каналот, кој не дава цврсти докази за своите наводи, вели дека ова се „доверливи“ информации.

„Шефот на телохранителската служба на претседателот и уште неколку лица се суспендирани и се во притвор. За движењето на претседателот во овој кварт знаеле само тесен круг на луѓе, а сите биле од службата за безбедност на претседателот. По инцидентот, тројца исчезнале. Тоа биле луѓето кои се наоѓале во првиот автомобил од конвојот. Нивната судбина засега не е позната“, се тврди во објавата.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.