Премиерот за корупцијата – никој не треба да биде над законот

news
Advertisement

Премиерот Ковачевски смета дека политиките и реформите кои ги спроведува Владата се насочени кон создавање на независно и транспарентно судство.

Advertisement

Според него, правосудството, обвинителството, истражните институции треба да се ослободени од политички, партиски или бизнис-интереси бидејќи тие му наштетуваат не само на имиџот на целиот правосуден систем, туку и на државата во целина.

Никој не треба да биде над законот и секој треба да сноси одговорност за постапките. Институциите имаат одговорност да ги проверат наводите за евентуални коруптивни активности кај кој било поединец и да утврдат дали се тие вистинити. Одговорноста има име и презиме и затоа ги охрабруваме правосудните органи самостојно да одлучат и да преземат чекори за напредок на планот на практикување на правдата и практикување на непристраноста и професионалноста, со што ќе се зајакне и интегритетот на правосудните органи – вели Ковачевски во интервју за МИА.

Според него, борбата со корупцијата е државен и врвен приоритет. Како што вели, охрабрен е од фактот дека повеќе надлежни институции преземаат мерки во насока на спречување и санкционирање коруптивни дела.

-Министерството за внатрешни работи, на пример, ги интезивираше активностите на ова поле. Во 2022 откриени се 124 коруптивни кривични дела, за кои кривично се пријавени 164 сторители (158 физички и 6 правни лица), со кои била причинета материјална штета поголема од 227 милиони денари – вели Ковачевски.

Сепак, тој додава дека владеењето на правото и борбата против корупцијата се области на кои постојано треба да се работи со цел да се унапредат и подобрат.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.