Advertisement
Полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп вчера го лишиле од слобода М.Г.(35) од Прилеп откако при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба била пронајдена грутчеста материја.
Advertisement
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, лицето било приведено во Полициската станица Прилеп и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Advertisement