200 илјади евра е најголемата плата во земјата. Еве кој ја има

news
Advertisement

Најголемите приходи и плати се вртат во Скопје, потврди денеска УЈП на редовната годишна прес-конференција за оданочените приходи остварени лани.

Advertisement

Најголем бруто доход остварен преку повеќе извори на даноци пријавил жител на Скопје кој во годишната даночна пријава до УЈП впишал заработка од 446 милиони денари годишен бруто доход. Односно пред оданочување пријавил доход од околу 7,25 милиони евра.

Највисока годишна бруто плата во 2022 година исплатена е на граѓанин од Скопје во дејноста трговија на големо со производи од тутун и изнесува 144 милиони денари, односно околу 2,35 милиони евра. Неговата месечна плата била по 12.000.000 денари или речиси заокружено, 200 илјади евра.

Во Топ 10 лични доходи пријавени во УЈП се вработени или сопственици во ондустрија за производство на вино, компјутерско програмирање, болници, индустрија на метални производи.

Како што информира директорката на УЈП Сања Лукаревска, највисокото лично примање по основ на извршена работа го пријавил граѓанин од Скопје и изнесува 280,6 милиони денари на годишно ниво, а доходот е остварен во странство. Или даночниот обрзник пријавил заработка над 4 и пол милиони евра.

На врвот на листата за исплата на највисок доход од самостојно вршење дејност повторно се скопјани, а највисокиот износ е 61,9 милиони денари односно нешто повеќе од милион евра.

Во 10- топ рангирани на листата за доходи исплатени за самостојно вршење на дејност се адвокати, нотари, угостители, одгледувачи на жито и мешункасти растенија и од дејноста производство на амбалажи од хартија.

Самостојните приходи од земјоделството се пониски па така највисокиот доход, не од производство, туку од продажба на земјоделски производи е во износ од 18,9 милиони денари (малку над 300.000 евра), а ја остварил жител на Скопје.

Извор: https://telma.com.mk/2023/10/31/za-edna-godina-skopjanec-prijavil-prihod-od-725-milioni-evra-trgovec-so-cigari-imal-najgolema-plata/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.