Претседателските избори ја кројат идната Влада

news
Advertisement

ПочетнаВестиПретседателските избори ја кројат идната Влада

Advertisement

Резултатите од претседателските избори најавуваат нов состав на Владата по 8 мај. Иако до парламентарните избори има уште две недели, поради очигледната промена на политичкото расположение кај мнозинството граѓани, опозицискиот лидер Христијан Мицкоски си зема право да се чувствува како мандатар и веќе да почне да ја составува новата Влада. Уште синоќа му се јавил на Арбен Таравари заради две работи: да му честита за претседателските избори и да даде поддршка за парламентарните.

Таравари не и сооопшти на јавноста детали од телефонскиот разговор. Преку социјалните мрежи демантираше дека се сретнал со Али Ахмети и дека од него добил некаква понуда. Но неговата коалиција „Вреди“ ја афирмира заедничката цел: испраќање на ДУИ во опозиција.

Мицкоски вели дека не се разговарало дали двете коалиции Твоја Македонија и Вреди се доволни за составување Влада или ќе разговараат и со други партии. Од „другите“, прва би била партијата на Максим Димитриевски, која заедно со Левица беше адресирана како можен партнер.

Во анализите на синоќешните резултати, најчесто се очекува тенденцијата да продолжи и бројките да се пресликаат од кандидатите за претседател кај партиите што ги поддржуваат.

Битката за пратенички мандати продолжува за секого поединечно. Битката за претседател ќе стартува од нула, но во конкуренција од 7 кандидати, Гордана Силјановска-Давкова покажа предност од 182 илјади. Прашање е дали има корпус на гласови кои во вториот круг би можеле да се слеат кај Стево Пендаровски и неговиот пораз да го претворат во победа, како што тоа го направи Борис Трајковски во 99-та.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.