Приведени пет лица за разбојништво во фабрика за канабис во гостиварско Чегране

news
Advertisement

Приведените се сомничат дека на 26 декември околу 22:30 часот, откако физички го нападнале вработениот во обезбедувањето и заканувајќи му се огнено оружје го врзале, од просториите на фабриката однеле 44 вреќи со вкупно 552,85 килограми канабис
Тетовската полиција целосно го расчистила случајот со разбојништвото во фабрика за производство на канабис за медицински цели, што се случило во гостиварското село Чегране, за што се приведени пет лица.

Advertisement

„Секторот за внатрешни работи Тетово – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар, по преземени мерки и активности и обезбедени материјално-технички докази во содејство и координација со Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, СВР Охрид, ОВР Струга и ОВР Дебар целосно го расчистија разбојништвото извршено на 26-ти ноември годинава во фабрика за производство на канабис за медицински цели во гостиварско Чегране“, се наведува во соопштението од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Како што информираат оттаму, завчера и вчера полициски службеници во врска со случајот ги лишиле од слобода лицата Н. И. (39) од Дебар, Н. Р. (29) и Г. С. (36) од Струга и гостиварците Р. Б. и Г. Б. (18). Против нив до Основното јавно обвинителство Гостивар се поднесени кривични пријави за сторено кривично дело разбојништво.

Приведените се сомничат дека на 26 декември околу 22:30 часот откако физички го нападнале вработениот во обезбедувањето и заканувајќи му се огнено оружје го врзале, од просториите на фабриката однеле 44 вреќи со вкупно 552,85 килограми канабис.

ИЗВОР. https://360stepeni.mk/privedeni-pet-litsa-za-razbojnishtvo-vo-fabrika-za-kanabis-vo-gostivarsko-chegrane/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.