Приведени четири лица по вчерашното пукање пред тетовската болница

news
Advertisement

Четири лица, меѓу кои и една Тетовчанка се приведени, а по едно лице се уште трага за вчерашното пукање пред Ургентниот центар во Клиничката болница Тетово, во кое тешко се повредени 2 лица на возраст од 41 и 36 години од тетовското цело Гајре

Advertisement

Тие веднаш по престрелката биле примени во Клиничката болница Тетово, а вечерта биле пренесени во Скопската клиника на КАРИЛ. Директорката на одделот Д-р Маја Мојсова-Мијовска информира дека и двете лица се во критична состојба.

– Двајцата се тешко повредени, со тешки телесни повреди на граден кош и едниот на стомакот, односно на абдоменот. Сеуште се во критична состојба и се обсервираат. Се прават нови инвестигации во однос да не се превидат други повреди, сеуште е многу сериозна нивната состојба. Ваквите повреди никогаш не се решаваат во прв акт тие се тешки телесни повреди со многу крварења и кразорна моќ на огрнените оружја, така да сеуште остануваат во крајно критична состојба,- Д-р Маја Мојсова- Мијовска – КАРИЛ.

Од СВР Тетово информираат дека пукањето се случило на влезот од болницата, а му претходела физичка пресметка помеѓу едно од ранетите и едно од осомничените лица… зошто дошле во болницата и кои биле мотивите за недоразбирањето, допрва ќе се утврдува…

-На пукањето инаку вчера му претходела физичка пресметка помеѓу едно од ранетите лица и едно од осомничените за пукањето. Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово извршиле увид на местото, а по документирање на случајот, од СВР Тетово посочуваат дека против инволвираните ќе следуваат соодветни поднесоци и ќе се соопштат повеќе детали околу тоа како дошло до самата престрелка. Сеуште се расчитиваат тие поединости и детали,- Марјан Јосифовски- СВР Тетово.

Според Министерот за здравство Фатмир Меџити тепачката настанала поради лични проблеми меѓу инволвираните лица и нема никаква поврзаност со болницата и со Министерството за здравство.

-Мислам другото се ќе расчисти МВР и понатаму и обвинителството, значи нема поврзаност со здравството во овој случај по ниедна точка,- – Фатмир Меџити.

Според неофицијални информации пресметката започнала пред Тетовскиот суд, каде дел од учесниците имале судско рочиште. Едната група од село Гајре се упатила во Ургентниот центар за да им се пружи лекарска помош, но пред болницата биле пресретнати од другата група каде им биле нанесени и прострелните рани.

ИЗВОР. https://kanal5.com.mk/privedeni-chetiri-lica-po-vcherashnoto-pukanje-pred-tetovskata-bolnica/a620711

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.