Приведен дрвокрадец во скопско, сакал да и побегне на полицијата

news
Advertisement

Вчера во 15.15 часот во населба Драчево во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода И.Ш.(29) од с.Елово, скопско. Околу 11.00 часот во атар на с.Елово тој бил затекнат при сеча на огревно дрво со моторна пила, а откако ги забележал полициските службеници побегнал.

Advertisement

Дрвата и пилата биле одземени и предадени на Шумска полиција, а по преземени мерки И.Ш. бил пронајден и лишен од слобода.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.