Приведен маж од Скопје , возел џип кој е евидентиран во базата на Интерпол како украден!

news
Advertisement

На 27.03.2024 во 15.40 часот на Граничен премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода Џ.Р.(39) од с.Црн Врв, општина Студеничани.

Advertisement

При извршена гранична контрола било констатирано дека патничкото возилото „џип компас“ со италијански национални ознаки, кое го управувал, сопственост на правно лице од Италија, евидирало во базата на Интерпол како украдено.

Тој бил задржан во Полициското одделение Мирковци, а возилото било одземено за понатамошна постапка.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.