Притвор за тетовецот во чиј дом беше откриена мини лабораторија за кокаин

news
Advertisement

Џ.Н. по изрекување на мерката притвор е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на истата
Судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово денеска му определил мерка притвор од 30 дена на 47-годишникот кој вчера беше приведен откако полицијата му најде мини лабораторија и кокаин во неговиот дом во Слатино.

Advertisement

„При претрес извршен со судска наредба вчера во неговиот дом во Слатино беше пронајден кокаин и минилабораторија во која се подготвувал кокаинот за продажба, три дигитални ваги, друга прашкаста материја и рамка со осум куршуми пиштолска муниција калибар 7, 62 милиметри, по што Џ.Н. беше лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово за документирање на случајот, а потоа му беа изготвени поднесоци по членовите 215 и 396 од Кривичниот законик“,

потенцираат од тетовската полиција.
По изрекување на мерката притвор тој е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на истата.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.