Проблемот со пасошите со старото име , секоја членка на ЕУ сама одлучува за признавање на македонските пасоши, велат од Делегацијата на ЕУ

news
Advertisement

Додека трае „дебатата“ за можноста да се користат македонските пасоши кои се важечки, но со старото име, како и за тоа дали може со нив да се патува низ земјите во ЕУ од Делегацијата на ЕУ во Скопје за „Слободен печат“ велат дека признавањето на патните исправи од трети земји е во надлежност на секоја земја членка на Унијата.
„Важно е Северна Македонија да продолжи да ги почитува меѓународните договори, вклучително и обврските што се однесуваат на обновување на пасошите,што се содржани во Преспанскиот договор.
Потсетуваме дека признавање на патните документи од трети земји е во надлежност на секоја земја членка на ЕУ“, ни изјавија од Делегацијата на ЕУ,ЗА СПОБОДЕН ПЕЧАТ .
Инаку, на дневен ред на денешната собраниска седница е предлогот на закон за продолжување на важноста на пасошите до крајот на годинава пасошите што го поднесе опозициската ВМРО-ДПМНЕ, а кој од власта го нарекоа политички памфлет.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.