ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: Од денеска ќе имаме обилни врнежи од дожд

news
Advertisement

По преодната стабилизација на времето која настапи кај нас, веќе од утре и тоа поради продор на влажен воздушен бран од Атлантикот, кај нас се очекуваат нови врнежи од дожд, локално и обилни, особено во западните и во северните предели. Ќе бидат проследени со засилен ветер од јужен и од југозападен правец.

Advertisement

Потоа во четврток повторно ќе има краткотрајна стабилизација на времето, додека во петок, како и за време на викендот повторно очекуваме врнежи од дожд, локално проследени со појава на грмежи.

„Овој пат поради продорот на постуден воздушен бран од северен, на високите планини ќе има и врнежи од снег. Снежната граница ќе се наоѓа од 2.000 метри па нагоре, а не се исклучува можноста повремено во северозападните предели таа да се спушти и под 2.000 метри. Повторно до самиот крај на оваа недела локално се очекува да наврне позначително количество на воден талог (над 30 л/м2). Температурите во следниот период ќе опаднат за 3 до 7 степени во споредба со сегашните и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 18 степени, додека во најтоплите југоисточни предели тие повремено ќе се искачат и до 20 степени“, вели метеорологот Славчо Попоски.

Наутро ќе биде релативно студено со минимални температури кој насекаде ќе се спуштаат под 10 степени, а во Малешевијата и под 5 степени, повремено и до околу 0 степени, со што во овој дел од Македонија е можна појава на слаб мраз.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.