Пронајдена марихуана кај три лица, меѓу нив еден малолетник

news
Advertisement

Полицијата во текот на вчерашниот ден направи повеќе претреси во Скопје. Кај три лица, во Карпош и Центар, била пронајдена марихуана. Ова е причината поради која тие биле уапсени. Меѓу нив има и малолетник. „На подрачје на Центар, полициски службеници ја лишиле од слобода А.Д.(19) од Скопје затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. На подрачје на Карпош, полициски службеници лишиле од слобода 17 – годишен малолетник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана“, соопштија од МВР.

Advertisement

Истиот ден, вечерта, имало уште едно апсење, стои во полицискиот билтен.

„На подрачје на Карпош, полициски службеници го лишиле од слобода Т.Д.(22) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана“, додаваат од МВР.

По целосно документирање на случаите ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.