Протест на дел од кумановските пензионери

news
Advertisement

Дел од кумановските пензионери, членови на здружението „За достоинствен живот“ и денеска се собраа на градскиот плоштад и ги повторија барањата за мининамалната пензија да изнесува 18.000 денари и линеарно зголемување од 5.000 денари.

Advertisement

– Сè е зголемено, затоа бараме да се зголемат пензиите. Она што минимално ни е дадено го „стопи“ инфлацијата, изјави Мирослав Цветковски од здружението.

Од ова здружение веќе доставиле барања до Министерството за труд и социјална политика, но и до амбасадите во државата.

– Имаме поднесено и до Уставен суд и бараме како што се зголеми за функционерите 78 проценти, да донесат одлука и нам да ни се зголемат пензиите, изјави Цветковски.

Пензионерите се пожалија дека пензиите не се доволни за храна, сметки и лекови.

Тие најавија дека ќе учествуваат на протестот со други здруженија од ниво на државата, што ќе се одржи во Скопје на 7 ноември со почеток во 11. часот.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.