Протест на судските службеници на Апелациоинот суд во Битола

news
Advertisement

-Поради незадоволството од социјалниот и економскиот јаз меѓу вработените во судската служба и судиите на протестите органиирани од Независниот синдикат на државната администрација (НСДА) и Независен синдикат на судска служба денес протестираа и судските службеници на Апелациоинот суд во Битола.

Advertisement

Судските службеници од Апелациониот суд во Битола денес, за времетраењето на дневната пауза од 11 часот до 11 часот и 30 минути излегоа пред зградата на Апелационот суд во Битола и го искористија нивното уставно загарантираното право на мирен протест со кој дадоа поддршка на Независниот синдикат на државната администрација (НСДА) и Независен синдикат на судска служба, кој функционира во негов состав кој во текот на вчерашниот ден организираше протест пред Основниот кривичен суд во Скопје за изразување на незадоволството поради ниските плати и укинување на додатоците на плата.

Константното зголемување на трошоците за живот ја наметнуваат потребата за подигнување на гласот на вработените во судската служба со цел зголемување на платите што е инхерентно на унапредување на квалитетот на живот, приближувањето до европските стандарди на живеење, како и на зголемувањето на продуктивноста и квалитетот во работењето.

Покачувањето на платите на судиите од 78 проценти создава голем социјален и економски јаз помеѓу нив и судските службеници, којшто создава чувство на револт, незадоволство и груба нееднаквост кај вработените во судската служба бидејќи тоа се истите луѓе кои во судските згради секојдневно соработуваат и коегзистираат. Зголемувањето на платите на судската служба е нешто што мора веднаш да се случи со цел избегнување пад на продуктовност и квалитетно работење, континуирано незадоволство, но и одлив на квалитетен кадар кој за судовите е значаен повеќе отколку што тоа изгледа.

Извор: https://bitolanews.mk

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.