ПСЖ му дава 100 милиони евра на Меси за да остане уште две години во ПСЖ?

news
Advertisement

Првиот човек на француски Пари Сен Жермен, Катарецот Насер Ал Келаифи најави дека после Светското првенство ќе седнат на конкретни разговори со Лионел Меси за нов договор, зашто на лето му завршува актуелната соработка и според последните информации подготвено е ново богатство за најдобриот фудбалер на СП во Катар кој ја водеше Аргентина до првата светска титула по 36 години пауза.

Advertisement

Според најавите, Ал Келаифи подготвил 100 милиони евра нето за Меси за двегодишна соработка и на Аргентинецот после Нова година ќе му ги презентира двете опции за тој договор, дали Аргентинецот сака договор година за година, т.н. една плус една или втората опција да потпише нова двегодишна соработка.

Меси ланското лето дојде како слободен играч од Барселона, откако Каталонците не успеаа да го регистрираат среде големата финансиска криза и во Париз заработува 40 милиони евра годишно. Но, последните најави пред СП беа дека семејството сака да си замине од Франција зашто не се прилагоди најдобро, а се појавија опции за враќање во Барса која е сè помалку изгледна и втората да оди во американската МЛС-лига кај Дејвид Бекам во Интер Мајами од каде има отворена понуда.

Меси во Катар покажа дека сè уште во него има фудбал на највисоко ниво и успехот со Аргентина го премисли за пензијата од националниот дрес, а сега веројатно ќе се реши да продолжи да игра во европскиот фудбал и да се обиде да освои уште некој пехар во Лигата на шампионите, а парижаните веќе неколку сезони се меѓу главните фаворити.

Летово Килијан Мбапе потпиша нов договор со ПСЖ и тоа со пресврт во последните 48 часа откако безмалку сè договори за трансфер бесплатно во Реал Мадрид, а иако нема официјално колку заработува, медиумите во Франција веќе објавија дека платата е 100 милиони евра по сезона. Мбапе беше најдобар стрелец на ова СП во осум гола, од кои хет-трик во финалето со Аргентина.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.