Advertisement
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека пунктот за промена на лични документи без закажување во Полициската станица „Пролет“ во Скопје ќе работи и на 25.11.2023 (сабота) и 26.11.2023 (недела) од 08 до 16 часот.
Advertisement
Граѓаните кои сакаат да направат промена на личните документи во овој пункт, тоа можат да го направат без претходно закажување. Исто така, во сабота (25.11.2023) од 08 до 16 часот ќе работат и шалтерите за издавање на готови документи во објектите во МРТВ и Беко.
Advertisement