ТОА Е НАДВОР ОД ПАМЕТ: Дали портпаролката на СДСМ го откри најголемиот страв на владејачката партија?

news
Advertisement

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска како „очаен потег“ ја оцени изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во која тој сугерира на можноста од постизборна коалција со партијата Левица со цел формирање влада.

Advertisement

Она што го зборува ВМРО-ДПМНЕ дека ќе коалицира со Левица, која во утрински соопштенија ја нарекува Хамас, а навечер велат ‘никогаш не вели никогаш’, ќе коалицираме со Левица е надвор од памет“, рече Кузеска во вечерашното издание на дебатната емисија „Само вистина“ на ТВ Канал 5, во која од другата страна соговорник и беше портпаролката на опозициската партија, Марија Митева. Според Кузеска, ваквата изјава е показател дека ВМРО-ДПМНЕ нема коалициски капацитет.

Немате коалициски капацитет, тоа го покажува очајниот потег да коалицирате со Левица. Никогаш не вели никогаш, но кога во политиката станува збор за вредности, кога станува збор за напредокот на државата треба да има никогаш“, додаде портпаролката на СДСМ.

Инаку, Мицкоски во вчерашното гостување во емисијата „ Само интервју“ прашан дали неговата партија би коалицирала со Левица и покрај тоа што партијата, според новинарската констатација, негува анти ЕУ и анти НАТО ставови, рече:

„Никогаш во политиката не велете никогаш. Тие вредности се ставаат на маса и се прави политички договор.“

Тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се бори да дојде што е можно поблиску или да освои мнозинство од 61 пратеник во парламентот. Повикувајќи се на мерењата на јавното мислење, тој прогнозира и победа на претседателскиот кандидат кој ќе го предложи неговата партија.

Инаку, на прашањето дали по парламентарните избори в година е можна широка коалиција меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, портпаролките на двете партии во вечершната дебата избегнаа конкретен одговор, наместо кој, ја истакнаа увереноста во победата на своите партии.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.