Недозволена трговија на 13,5 тони фреон во боци, спречи Царинската управа

news
Advertisement

Царински службеници на граничниот премин „Богородица“ спречија недозволено внесување на фреон во боци за еднократна употреба, што се забранети за увоз. Боците се откриени на влез во државата во товарно возило со македонски регистарски таблички управувано од лицето Д.Г., соопшти Царинската управа.

Advertisement

„При царинска контрола на возилото беа пронајдени 1150 боци со неколку типа на фреон со вкупна тежина од над 13,5 тони. Прометот на средства за ладење во цилиндри за еднократна употреба е забранет заради заштита на животот и здравјето на луѓето и на животната средина, како и заради елиминирање на истекувањата на супстанции што ја осиромашуваат озонската обвивка“, информираа од Царинската управа.

Од Царината велат дека стоката е привремено задржана, а за едно физичко и едно правно лице се поднесени кривични пријави до Основното јавно обвинителство, за кривично дело недозволена трговија.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.