Радосна вест: Се омажи Викторија Лоба – На забавата, 20-ина одбрани гости покрај Охридското Езеро

news
Advertisement

Русокосата поп-пејачка и убава Македонка со руско потекло, Викторија Лоба, му стави крај на својот момински живот. Таа на убав ден, Богородица 28 август, и официјално се сврши со своето долгогодишно момче Ѓорѓи Калешов. Убавиот настан се случи покрај убавите езерски води во Охрид, на терасата на убавиот ресторан „Канео“. Викторија и Ѓорѓи беа свршени три години и поради пандемијата на коронавирусот, ја одложуваа свршувачката. Но, затоа сега се заветија на вечна љубов во една од најпознатите цркви во Охрид, на ридот над плажата Канео, во стариот дел нa градот.
Прославата во ресторанот била за најблиските 20-ина луѓе, но било многу елегантно, отмено, со нежна музика, господски, но и романтично збогатено со вкусните специјалитети на познатиот готвач Влатко Огненовски. Кум им е Борјан Георгиевски, син на македонската кошаркарска легенда – Благоја Георгиевски-Буштур. (Д.М.).

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.