Путин: Евроазиската економска унија има можност да стане еден од половите на мултиполарниот свет кој се создава

news
Advertisement

Евроазиската економска унија (EAEU) ги има сите можности да стане еден од силните, независни и самостојни полови на мултиполарниот свет кој се формира, порачал претседателот на Русија, Владимир Путин во пораката до шефовите на државите членки на EAEU, објавена денеска на сајтот на Кремљ.

Advertisement

Путин укажал дека блиската интеграција внатре во „EAEU“ станала адекватен одговор на глобалните прашања, кои се интензивирале поради пандемијата и воведувањето на санкции кои го спроведуваат бројни земји, како што се сиромаштијата, климатските промени, недостигот на ресурси како храна, вода и енергија.

Рускиот претседател во пораката ја истакнува важноста од проширувањето на соработката меѓу националните платни системи ма земјите членки поради намалување на економските ризици.

Ускладувањето на финансиските пазари треба да создаде поволни услови за капиталот на земјите да остане внатре и да се вложува во националните економии, укажал Путин.

Според неговите зборови, треба да се истражи можност за основање на евроазиска рејтинг агенција која би обезбедила рејтинг на инструментите за сервисирање на растечките економски активности на територијата на „EAEU‘, пренесува „TAS S“.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.