Путин задоволен: Сè оди според планот

news
Advertisement

Рускиот претседател Владимир Путин денеска оцени дека „специјалната воена операција во Украина“ се одвива според планот на Министерството за одбрана на Русија.

Advertisement

„ Динамиката на операцијата е позитивна. Се надевам дека на нашите борци ќе им се дадат повеќе причини да бидат задоволни со нивните резултати на бојното поле – рече Путин, пренесува ТАСС.

На 13 јануари руското Министерство за одбрана објави дека руските сили претходниот ден ја презеле контролата врз градот Соледар, кој се наоѓа во близина на Бахмут, важен транспортен центар преку кој се снабдуваат украинските војници во Донбас.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.