Османи повторно во Киев: Ќе одиме на терен

news
Advertisement

Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи утрово пристигна во Киев, што е прва работна посета во рамки на претседавањето на Македонија со ОБСЕ. Османи информира дека ќе биде на терен, каде ќе ги посети областите погодени од воените дејствија и директно ќе оствари средби со луѓето на терен.

Advertisement

-Ќе оствариме и бројни средби со високите државните претставници на Украина. Состојбата во Украина, со посебен фокус кон луѓето на терен – еден од главните приоритети на претседателството на Македонија со ОБСЕ, кажа Османи.

Приоритет на претседавањето на Македонија ќе биде хуманата безбедност во ера на регионална и глобална несигурност и нестабилност, со акцент на ситуацијата во Украина, најави пред неколку дена Османи.

-Украина ќе остане наш главен приоритет. Агресијата мора да престане. Опустошувањето и убивањето на цивилно население се неприфатливи. Вознемирувачки е да се гледа како луѓето страдаат. Последиците и цената од оваа војна за регионот на ОБСЕ и пошироко се жалосни и неподносливи, порача Османи.

Ова е втора посета на Османи на Украина, откако претходно во мај 2022, како министер за надворешни работи оствари средба во Киев со шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба и со други високи државни претставници на Украина.

Во наредниот период се очекува и посета на премиерот Димитар Ковачевски и средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски, исто така во рамките на претседавањето на земјава со ОБСЕ.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.