47-годишен маж со прострелна рана бил пронајден на отворено, а во негова непосредна близина бил пронајден и пиштол. По настанот, тој бил итно пренесен на лекување во скопските клиники.
Од МВР информираат дека на 17.12.2025 околу 12:35 часот, Итната медицинска помош ја известила Полициската станица Аеродром дека е затекнат повреден маж со повреда нанесена од огнено оружје.
Повредениот бил транспортиран во Клиничкиот комплекс „Мајка Тереза“, каде му била укажана медицинска помош. На местото бил извршен увид, а полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.