РАКОМЕТНА ТРЕСКА ВО МАКЕДОНИЈА: Еве кога и од колку часот Македонија ги игра натпреварите од СП во ракомет!

РАКОМЕТНА ТРЕСКА ВО МАКЕДОНИЈА: Еве кога и од колку часот Македонија ги игра натпреварите од СП во ракомет!

news
Advertisement

Advertisement

МРТ ќе ги емитува натпреварите на македонската репрезентација на претстојниот Мундијал во Хрватска, Данска и Норвешка. Оваа информација денеска ја пренесе порталот 24ракомет, што е одлична вест за сите љубители на ракометот. Натпреварите на Мкаедонија, но и други одбрани од првенството ќе бидат достапни со коментар на македонски јазик. Мундијалот почнува на 14 јануари, а првиот натпревар на избраниците на Кирил Лазаров е ден подоцна против Унгарија. Македонските ракометари натпреварите од групата Д ќе ги играат во хрватскиот град Вараждин. Распоред на Македонија: 15 јануари, 20:30 ч. Унгарија – Македонија 17 јануари, 18:00 ч. Холандија – Македонија 19 јануари, 18:00 ч. Македонија – Гвинеја Останува МРТ да објави програма за гледачите да знаат кои останати натпревари ќе одат во директен пренос, како и тоа кои од нив ќе бидат на спортскиот канал МРТ3.

Advertisement