Рама во вторник доаѓа во Битола на одбележување на денот на албанската азбука

news
Advertisement

Албанскиот премиер Еди Рама, во вторник доаѓа во Битола по повод одбележувањето на 115-годишнината од Битолскиот конгрес, на кој биле ставени темелите на албанската азбука. Планирано е Рама да го посети Музејот на албанската азбука во Битола.

Advertisement

СВР Битола соопшти дека поради присуство на владини делегации од земјава и странство, на 21 ноември во Ресен и Битола ќе биде применет посебен режим во сообраќајот, со запирање на сите возила и пропуштање на службените возила со првенство на минување. За сообраќај ќе бидат затворени неколку улици во Битола, дел од нив и во строгиот центар на градот.
СВР Битола апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, а превозниците кои вршат јавен градски превоз да ги избегнуваат наведените локации во градот кои ќе бидат забранети за сообраќај.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.