Расистите ја нападнаа малата сирена: Бурни реакции поради трејлерот – велат дека таа не може да биде Ариел

news
Advertisement

Трејлерот за „Малата сирена“ ги разбесни луѓето, но во коренот на проблемот е расизмот.

Advertisement

Трејлерот за играната верзија на дизниевиот цртан „Малата сирена“ предизвика бурни реакции во јавноста поради фактот што главната хероина Ариел ја толкува актерка со афроамериканско потекло, Хали Бејли.

Луѓето коментираат за нејзината боја на кожа и на социјалните мрежи настанал хаос, па трејлерот има веќе 14 милиони прегледи и 1,5 милиони „недопаѓања“.

Хали има само 22 години и веќе е остварена во актерската кариера, но и како пејачка.

Таа пет пати била номинирана за наградата „Греми“ и исто така глуми во серијата „Grown-ish“, а ќе ја гледаме и во римејкот на култниот филм „The Color Purple“.

Јутјуб поради расистичките напади за новата Ариел го исклучи „бројачот“ на негативни реакции, па можно е да ги има и повеќе затоа што 1,5 милиони биле пред исклучување на таа опција.

Младата актерка која е на мета на расистички напади, на Твитер, но и на другите социјални мрежи сè уште не се огласила по овој повод.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.