СО АМПУТИРАНА НОГА ГО ИСФРЛИЛЕ ОД БОЛНИЦА Прилепчанец починал на клупа пред здравствената установа

news
Advertisement

Едно време дојдоа некои личности ко боди-гарди, и во униформа и без униформа, дојдоа и ги фрлија ранците од брат ми. Не видов јас ни кога пакувале, ни што спакувале, ни што имало во ранците, и му рекоа – ти, да те нема од Болницава. Зошто како – не знам – вели рече Зоран Димески, брат на сега починатиот Горан.

Advertisement

Прилепчанецот Горан Димески (51 година), утринава е пронајден мртов на клупа пред прилепската Болница, откако вчера, по едномесечно лекување на ампутираната нога во Болницата, бил исфрлен од установата, објави Алфа. Семејството на сега веќе починатиот Горан, кој инаку бил бездомник, обвинува за негрижа и најавува тужба против Болницата.

– Вчера, дојдов да го посетам брат ми сабајлето и слеговме долу, тој е со ампутирана нога, слеговме долу со количката, го истуркав да пиеме кафе, излеговме во дворот. Едно време дојдоа некои личности ко боди-гарди, и во униформа и без униформа, дојдоа и ги фрлија ранците од брат ми. Не видов јас ни кога пакувале, ни што спакувале, ни што имало во ранците, и му рекоа – ти, да те нема од Болницава. Зошто како – не знам – вели рече Зоран Димески, брат на сега починатиот Горан.

Бидејќи раната на ампутираната нога крварела и гноела, а имала и оток со болки, Зоран побарал лекувањето да биде продолжено. Но, кај службите во Болницата не наишол на разбирање и не му било дозволено повторно да влезат. По ова, тој побарал помош и од социјалните служби кои исто така процениле дека пациентот не е за домашно лекување. Ама, ни тоа не помогнало, па пациентот останал на една од клупите, со надеж дека некој ќе се смилува и повторно ќе го врати на Ортопедското одделение.

– Така го пуштија, како терминатор, од системи го симнаа и го пуштија надвор. Јас не сакав ризик да преземам и му реков – ќе те оставам брат, овде, белки ќе се најде некој од мајка роден во оваа наша Болница… тие, не се најде никој во 30 часа некој да му излезе во пресрет… Секретарката рече ќе дојде ортопед да го види, ни дојде ни ништо – видно вознемирен раскажува братот Зоран.

Кога видел Зоран дека нема да успее да го врати во Болницата, извадил документ, за Горан од денеска да биде сместен во Старскиот дом, иако раната не му била заздравена, а немал ни отпусна листа. Меѓутоа, утринава Горан бил пронајден починат на клупата каде што синоќа го оставил брат му.

– Сношти го оставив, му донесов кебе, му донесов сокче, му донесов да јаде нешто и му реков – брат, да те земам дома ми е страв, гној имаше на ногата, да не направиме триста глупости. Овде стој, камери има, ќе те види некој и ќе те прибери….Сабајле се јавив да го слушнам да му кажам дека ќе дојдам да го видам, ми се јавува службено лице од МВР, ми вика да дојдиш ваму. Одам, брат ми – покријан со кебето, вели – починат е – вели братот Зоран.

Од Болницата пак, кратко ни рекоа дека на пациентот му била пружена сета потребна здравствена грижа, дури и подолго од што требало. Бил испуштен, бидејќи му завршило болничкото лекување, но добил препораки за понатамошно домашно лекување и преврски.

Телото е предадено на обдукција, а за смртта биле известени и сите надлежни институции. Семејството најави тужба.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.