Реакција на МЖСПП: Топланите треба да ги почитуваат условите пропишани во еколошките дозволи

news
Advertisement

Министерството за животна средина и просторно планирање, се огласи по повод соопштението од „Скопје Север“ од каде ги осудија изјавите на министерот Насер Нуредини кој кажа дека не треба топланата да произведува топлина на мазут.

Advertisement

„Во однос на невистините што се изнесени во текстот објавен под наслов „Скопје Север ги осуди изјавите на министерот Нуредини дека не треба да се произведува топлина на мазут“, Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека министерот Нуредини на брифингот за новинари што се одржа на 29.11.2022г. во просториите на МЖСПП, на новинарско прашање одговори дека Топлана Север има Б-интегрирана еколошка дозвола издадена од Град Скопје во која се пропишани позитивните правни прописи од националното и европското законодавство за овој индистриски сектор, т. е. снабдување на пареа и топла вода, како и енергенсите што согласно дозволата може да ги користи оваа инсталација. Контролата на исполнувањето на обврските и условите за работа пропишани со Дозволата се во надлежност на инспекциски служби на Град Скопје.

Министерот Нуредини го сподели генералниот став на МЖСПП дека здравјето на луѓето е приоритет и бидејќи на пазарот има доволно природен гас препорачува сите инсталации да се придржуваат кон користење на основните енергенси одобрени во Дозволите и да ги почитуваат условите што за соодветниот енергенс се пропишани.

Дополнително МЖСПП истакнува дека издавање дозволи за увоз на енергенсите вклучително и мазутот НЕ Е ВО НАДЛЕЖНОСТ на министерството за животна средина и просторно планирање и информациите пласирани во реакцијата на Скопје Север АД се паушални и целосно невистинити.“, се вели во соопштението.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.